Пандев има две желби: Со Македонија да игра на ЕП и Џенова да избори опстанок

Горан Пандев вели дека оваа година има две желби, со Македонија да игра на Европско првенство и со Џенова да обезбеди опстанок. 

Горан Пандев игра во одлична форма оваа сезона во италијанската Серија А, и покрај тоа што има 36 години тој е еден од клучните играчи на Џенова која води жестока битка за опстанок.
 
„Играм во Џенова, најстариот клуб во Италија, со многу жешка публика, невозможно е да не дадете сè. Сум играл во големи тимови но луѓето на Ферарис може да ви дадат дополнителна мотивација“, вели Пандев.
 
Пандев сака да ја заврши кариерата во Џенова и да се пласира со Македонија на Европското првенство.
 
„Со Македонија на 26 март играме плејоф со Косово, тоа е меч на животот. Но сега мислам на Џенова со која секој меч ни е како финале. Чувствувам лутина што сме во ваква позиција, не ни можам да замислам дека ќе испаднеме, фановите и клубот не го заслужуваат тоа. Сакам да ја завршиме сезоната на високо ниво“.

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе