Македонецот синоќа доби огромен аплауз од публиката

Пандев им се заблагодари на „наполитанците“: Секој пат кога ќе се вратам на Сан Паоло се чувствувам како дома! (ФОТО)

Горан Пандев им се заблагодари на „наполитанците", Македонецот испрати порака на социјалните мрежи откако синоќа беше поздравен со аплауз од публиката кога беше повлечен од игра.

Горан Пандев со Џенова вчера гостуваше на Сан Паоло, стадион на кој тој настапуваше од 2011 до 2014. Навивачите на Наполи не ги забораваат одличните три сезони на Македонецот, па кога тој беше повлечен од игра во 80. минута, доби огромен аплауз.

За убавиот гест, Горан Пандев сега се заблагодари и испрати порака до „наполитанците“ на социјалните мрежи.

„Секој пат кога ќе се вратам на Сан Паоло се чувствувам како дома... Ти благодарам Наполи“ - гласеше постот на напаѓачот на Инстаграм.

 
 
 
View this post on Instagram

Ogni volta che torno a San Paolo mi sento a casa...GRAZIE NAPOLI

A post shared by Goran Pandev (@goranpandev19) onNov 10, 2019 at 1:30am PST

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе