Џенова

Пандев им се обрати на фановите на Џенова: Ви благодарам за пораките со кои ме убедивте да останам! (ФОТО)

Горан Пандев преку својот инстаграм профил им се заблагодари на фановите на Џенова и на сите останати во клубот. 

Пандев се пензионираше од репрезентацијата на Македонија, но одлучи да ја прифати понудата за нов договор од Џенова и ќе настапува и следната сезона.
 
Во пресрет на новата сезона во Серија А која почнува викендов, Пандев им се обрати на фановите на Џенова.
 
„Во сабота почнува Серија А и горд сум што повторно ќе го носам овој дрес. Сакам да им се заблагодарам на претседателот, на целата заедница, тренерот, стручниот штаб, моите соиграчи и сите вие фанови. Благодарен сум на секој од вас за пораките кои ми ги праќавте со кои ме убедивте да останам. Не можам да дочекам да ве поздравам на Ферарис. Напред Грифон“, напиша Пандев.
 
 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Goran Pandev (@goranpandev19)

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе