Поради пандемијата на ковид-19, Серија А донесе одлука дека клубовите септемвриската плата може да ја исплатат најдоцна до 1 декмври.
Ваквата одлука придонесе неколку клуба до последен миг да чекаат за да им дадат плата на фудбалерите за септември.
„Газета дело Спорт“ пишува дека Наполи, Лацио, Беневенто, Џенова и Сампдорија се уште немаат исплатено плата, доколку не го направат тоа во наредните три дена ќе се соочат со казна, одземање на бодови.
Информациите велат дека Болоња, Кротоне, Интер, Парма и Рома им платиле на фудбалерите за септември, а Аталанта, Каљари, Фиорентина, Јувентус, Милан, Сасуоло, Торино, Удинезе и Верона имаат исплатено и за октомври.