Серија А

Пандев и Џенова се радуваа само 90 секунди, Каљари ги однесе трите бода (ВИДЕО)

Горан Пандев одигра 15 минути против Каљари, помогна Џенова да стигне до 1-1, но радоста траеше само 90 секунди, домаќините со два брзи гола ги однесоа трите бода.

Во првиот натпревар од 4. коло во Серија А, Каљари со 3-1 ја доби пресметката со Џенова на Сардинија. Горан Пандев на теренот помина 15 минути и помогна неговиот тим да стигне до 1-1 откако на стартот од вториот дел, Џовани Симеоне погоди за 1-0.

Македонецот ја започна акцијата во 83. минута по која падна голот. Горан Пандев го проигра Санабрија, Парагваецот одлично со пета одложи за Куаме, кој прецизно биеше од врвот на шеснаесетникот за реми.

Сепак, радоста на гостите кратко траеше. 90 секунди подоцна, Запата ја затресе сопствената мрежа, а во 87. минута Жоао Педро ја осигура победата.

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе