Серија А

Пандев и Џенова останаа во Серија А, Лече испадна (ВИДЕО)

Џенова со убедливи 3-0 ја победи Верона и избори опстанок, Горан Пандев одигра 83 минути и имаше асистенција, Лече загуби од Парма со 4-3 и следната сезона ќе игра во Серија Б. 

Горан Пандев и Џенова со победа во последното коло изборија опстанок во Серија А. Македонскиот фудбалер беше стартер на мечот и свој допринос даде со една одлична асистенција.
 
Џенова поведе уште во 13. минута кога по асистенција на Лерагер, Санабрија погоди со глава за водство од 1-0.
 
Во 25. минута Пандев убаво го проигра Санабрија кој со својот втор гол донесе предност за Џенова од 2-0.
 
Конечниот резултат го постави Ромеро пред крајот на првото полувреме поставувајќи ги конечните 3-0.
 
Во 61. минута Џенова остана со играч помалку откако Ромеро доби втор жолт картон, но и покрај тоа успеа да ја сочува мрежата и на крајот да слави опстанок.
 
Последниот патник во Серија Б е Лече на кој денеска покрај победа над Парма му требаше и Џенова да не триумфира, но тие не успеаа да си ја завршат ни својата работа, загубија дома со 4-3 од Парма.
 
Удинезе со 1-0 славеше на гостувањето кај Сасуоло, Несторовски ги одигра последните десетина минути. Болоња и Торино одиграа нерешено 1-1.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе