Серија А

Пандев и Џенова непоразени се враќаат од Рим, реми со шест гола против Рома (ВИДЕО)

Рома и Џенова одиграа ефикасен натпревар со шест голови кои заврши нерешено 3-3, Горан Пандев ги одигра последните минути од натпреварот. 

Ефикасно беше на Олимпико во Рим, а дека ќе биде така најави Ундер уште во шестата минута со убав погодок. Само десет минути подоцна Пинамонти го изедначи резултатот на 1-1.
 
Во 30. минута Џеко се прошета во шеснаесетникот на Џенова и постигна гол за ново водство на Рома, но гостите уште еднаш израмнија, овој пат во финишот на првото полувреме. Во шеснаесетникот на домаќините беше фаулиран Пинамонти, Кришито погоди од пенал за 2-2.
 
По четири минути игра во второто полувреме трето водство за Рома, Коларов постигна спектакуларен гол од слободен удар. Но Џенова израмни и по трет пат, Куаме погоди во 70. минута за конечни 3-3.
 
Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев во игра влезе во 86. минута.
 
Голем триумф оствари Лацио кој со 3-0 победи на гостувањето кај Сампдорија. Два гола беа дело на Имобиле, еден постигна Кореа.
 
СПАЛ водеше со 2-0 против Аталанта, на крајот загуби со 3-2. Гостинска победа забележа и Бреша кај Каљари. Торино со 2-1 беше подобар од Сасуоло, Верона и Болоња одиграа нерешено 1-1.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе