Македонецот им се заблагодари на навивачите и сите во Џенова

Пандев: Година полна со емоции, обезбедивме опстанок, стигнав до 100 погодоци и 150 настапи за Џенова во Серија А

Горан Пандев се огласи на социјалните мрежи откако Џенова обезбеди опстанок во Серија A, Македонецот им се заблaгодари на навивачите и сите во клубот за годината полна со емоции.

Џенова синоќа со 0-2 славеше на гостувањето кај Болоња и стигна до три бода со кои и математички обезбеди опстанок во Серија А.

Ова беше повод Горан Пандев да се огласи на социјалните мрежи и да се заблагодари за годината полна со емоции.

„Година полна со емоции за сите во Џенова и за мене. Опстанок, 100 погодока во Серија А, 150 настапи во Серија А во дресот на најстариот клуб во Италија. Би сакал да можев да прославам со вас фановите, но и без тоа сакам да ви се заблагодарам за поддршката. Сакам да му се заблагодарам на клубот, на соиграчите и целиот персонал. Сега фокусот е кон финишот од сезоната а потоа е време за ЕВРО 2020 со Македонија. Форца Џенова, се надевам дека во брзо време ќе можам да ве поздравам како што доликува сите на стадионот!“ - гласеше постот на Горан Пандев.

Напаѓачот најави пензија по крајот на Европското првенство, но последните информации велат дека тој може да се предомисли и да одигра уште една година во Џенова.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Goran Pandev (@goranpandev19)

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе