Капитенот не се штедеше со пофалбите

Пандев: Елмас е нашиот најголем бисер, нашата иднина но честитки за сите момци, го оставија срцето на терен

Горан Пандев е задоволен од прикажаното и триумфот над Словенија, капитенот на Македонија упати многу пофални зборови и за херојот на вечерта, двојниот стрелец Елиф Елмас.

„Црвено-жолтите“ со 2-1 ја совладаа Словенија и остана во трката за водечките две позиции во Групата Г кои носат пласман на Европското првенство. Капитенот Горан Пандев не го криеше задоволството од играта и освените три бода.

„Одигравме еден одличен натпревар, тактички извонредно, ги чекавме нашите шанси и заслужено победивме. Ги добивме Словенците во секој сегмент од играта, добро ги затворивме во фаза на одбрана, а потоа преку полуконтри и контранапади комплетно ги срушивме и сосема заслужено стигнавме до триум“ – вели Горан Пандев.

Тој не се штедеше ниту со пофалбите за херојот на мечот,  двојниот стрелец Елиф Елмас

„Нема што да се зборува многу за Елиф, тој е нашиот најголем бисер. Како што кажав и претходно, Елиф е нашата иднина и треба да биде носител на оваа репрезентација, како што тоа го направи вечерва. Елиф беше прекрасен, но честитки заслужуваат сите момци, го оставија срцето на терен. Огромна поддршка имавме и од публиката, тие бие нашиот 12-ти играч и огромна благодарност за тоа“.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе