Капитенот со пофалби за нашиот млад фудбалер

Пандев: Елмас е големо засилување за Наполи, тој е победник кој сака да прави големи работи

Горан Пандев за италијанските медиуми го пофали Елиф Елмас и вели дека најдоброто од него допрва доаѓа. 

Елиф Елмас за многу кратко време стана хит во Наполи, импресивен е неговиот приод во натпреварите, тој е толку млад а изгледа искусно како да има многу сезони зад себе.
 
Горан Пандев е легенда во италијанскиот фудбал, еден од странците со најмногу настапи во Серија А, па од медиумите во таа земја беше прашан што мисли за Елиф Елмас.
 
„Елмас е многу силно момче а роден е во 1999 и има голем карактер, тоа го покажа и во Наполи и во националниот тим. За Македонија покажа дека станува лидер, тоа е момче кое сака да победува и да прави големи работи. Наполи во него доби големо засилување. Тој е среќен што е таму и се надева дека наскоро ќе освои нешто важно со тимот“, изјави Пандев.
 

Македонија од своето осамостојување постојано е на листата држави за чии граѓани е потребно да имаат британски визи доколку сакаат да патуваат во Обединетото кралство. 

повеќе

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе