Серија А

Пандев е меѓу најефективните 20 фудбалери во Серија А во 21. век (ФОТО)

Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, Горан Пандев остави значаен белег во Серија А, статистиката вели дека тој е еден од најефективните фудбалери во Калчото. 

Пандев во Серија А дебитираше во 2003 година во дресот на Анкона, потоа играше за Лацио, Интер, Наполи и Џенова.
 
Статистиката вели дека Горан Пандев е еден од најефективните фудбалери во 21 век во Серија А. Тој има одиграно 491 натпревар, има 101 гол и 49 асистенции. За да се измери ефективноста во овој случај се собираат бројот на голови и асистенции. Пандев има вкупно 150 и се наоѓа на 18. место.
 
Неприкосновен на врвот е Франческо Тоти кој има ефект од 328 (207 голови и 121 асистенција), легендата на Рома има одиграно 444 натпревари.
 

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе