Во прв момент му ја прекина радоста и го поништи голот

Пандев до судијата: Ти се колнам во децата, не ја допрев топката со рака!

Медиумите од Италија го пренесуваат разговорот помеѓу Горан Пандев и судијата Џакомо Камплоне, Македонецот се колнел дека не ја допрел топката со рака.

Горан Пандев синоќа ја затресе мрежата на Удинесе во 8. минута, Македонецот одлично прими една топка од Стротман и прецизно биеше на првата статива.

Сепак, славјето во прв момент беше прекинато, судијата го поништи голот поради играње со рака.

Горан Пандев и фудбалерите на Џенова веднаш протестираа а ДАЗН сега открива дел од разговорот помеѓу напаѓачот и Џакомо Камплоне.

„Ти се колнам во децата, не ја допрев топката со рака... ти се колнам во децата“ - велел Пандев.

За среќа се огласи ВАР, самиот судија гледаше на повторени снимки на мониторот крај аут линијата, виде дека нема играње со рака па го призна голот.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе