Емоциите биле огромни

Пандев: Да се даде гол против Јуве пред фановите на Џенова... чувствував како целиот стадион се тресе!

Горан Пандев открива што се случувало на „Ферарис“ откако ја затресе мрежата на Јувентус за 2-0 пред најверните навивачи на Џенова, вели дека целиот стадион се тресел.

Горан Пандев помогна Џенова да стави крај на одличната серија на Јувентус. „Старата Дама“ немаше пораз во Серија А откако загуби дома со 0-1 во пресметката со Наполи во април 2018, а на гости последен пат загуби во ноември 2017.

Македонецот попладнево блесна против шампионот на Италија, најпрво му асистираше на Стураро за 1-0 а потоа самиот го дотолчи противникот со прецизен шут од врвот на шеснаесетникот за триумф од 2-0.

„Да се даде гол против Јувентус пред најверните навивачи на Џенова на „курва норд“, тоа е неописливо, емоциите се огромни, чувствував како се тресеше стадионот. Фановите ни беа од голема помош и кога ќе се креира ваква атмосфера, тешко е да се загуби и победа е единствена опција“ – вели Горан Пандев.

„Одигравме одличен натпревар, бевме солидни во првото, и за нијанса поквалитетни во второ полувреме. Ги реализиравме шансите и сосема заслужено победивме“.

„Против големите тимови играме далеку подобро. Ни оставаат простор, и кога ќе се отворат, доаѓа до израз нашиот квалитет, имаме брзи и технички добро потковани играчи. Денеска го демонстриравме ова. Пруживме извонредна партија и можевме многу порано да го решиме прашањето за победникот“.

„Победата е за сите, тренерот, тимот, фановите. Ова се три важни бода“.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе