Во интервју за грчка „Газета“

Пандев: Би ги дал сите трофеи за настап со Македонија на Европско првенство

Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев за грчка „Газета“ објаснува колку му значи пласманот со Македонија на Европското првенство. 

Горан Пандев на идеален начин ја завршува кариерата, онака како што само може да посака, со пласман на големо натпреварување како предводник на репрезентацијата.
 
Во интервју за грачка „Газета“, Горан Пандев објаснува колку му значи пласманот на Европското првенство.
 
„Никогаш не ни помислив дека ќе го видам мојот национален тим на едно големо натпреварување, не е важно дали дали на 37 или на 38 годишна возраст, но мислам дека ова е судбина“, вели Пандев.
 
„Играв во многу екипи, видов многу во кариерата, освоив се што се однесува до титулите, но успех со националниот тим не може да се спореди со ништо, би ги дал сите трофеи кои ги имам освоено за Европско со мојата репрезентација“.
 
„Добро се сеќавам што се случи по мечот со Грузија. Сите тие насмевки на моите соиграчи, тоа е најдоброто нешто што може да ми се случи во кариерата“.
 
Пандев проговори и за големата победа над Германија.
 
„Тоа беше историска ноќ во Дуисбург, да ви кажам искрено, две седмици потоа, се уште не можам да поверувам што се случи. Германија немаше пораз цели 20 години во квалификациите за СП, а ние успеавме, Бог сакаше тоа да се случи, што можам да кажам“.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе