Квалификации за СП 2022

Панчев: Вчера беше ден за уживање, почна со Хрватска, продолжи со Македонија и заврши со Србија

Македонската фудбалска легенда, Дарко Панчев вели дека синоќа уживал во победите на екс-ју селекциите во квалификациите за СП.

Хрватска ја победи Русија и се пласираше на Светското првенство, Србија го направи истото откако ја совлада Португалија, а меѓу тие два меча играше Македонија, го совлада Исланд и избори бараж.

„Вчерашниот натпревар беше ден за уживање за екс-ју фудбалот. Се почна со Хрватска која имаше тежок натпревар но успеа да избори пласман на СП. Потоа Македонија го постигна најголемиот успех кога се во прашање квалификациите и пласман во бараж, а шлагот на тортата беше пласманот на Србија“, вели Панчев за српските медиуми.

„Ова е некоја нова Србија со фантастична атмосфера. Се гледа дека играчите гинат еден за друг. Сето тоа се враќа и овој гол на Митровиќ во последната минута. Митар и понатаму нека растура, дечкото не престанува да дава голови. Нека продолжи само така“.

Целото интервју на Панчев можете да го погледнете ТУКА.

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе