Само со дициплина ќе го победиме коронавирусот

Панчев: Ние кои одевме во војска сме навикнати на карантин

Македонската фудбалска легенда, Дарко Панчев вели дека само со дисциплина и почитување на мерките може побрзо да го победиме коронавирусот. 

Во интервју за сајтот на „Црвена звезда“, Дарко Панчев вели максимално ги почитува мерките на државата и смета дека само со дисциплина може да се извојува оваа важна победа.
 
„Малку се досадувам, малку гледам телевизија. Со семејството сум, со децата кои се малку понервозни од нас постарите. Засега сме дисциплинирани, мораме да бидеме такви, бидејќи оваа болест е силна и тешка. Потребно е да ги слушаме надлежните органи и да ги почитуваме правилата, како во Скопје така и во Србија. Стучните лица ни кажуваат дека најдобрата превенција е изолацијата, така да јас тоа го почитувам во целина. Верувам дека со дициплина можеме да го победиме ова што не снајде“, вели Дарко Панчев за официјалниот сајт на Црвена звезда.
 
„Гледајќи ја целокупната ситуација во Европа, поготово во Италија, Шпанија, Германија, како и во Америка, за разлика од нив ние немаме преголем број на заразени. Се во некоја рака на нормала, доколку бидеме дисциплинирани можеме за некој месец да ја добиеме оваа битка која не е наивна. За жал луѓе умираат, мораме да овозможиме на себе и на најблиските да не дојде до опасни зарази“.
 
Ние кои во она време бевме во војска навикнати сме на вакви карантини. Не ни паѓа толку тешко, како и на професионалните фудбалери кои понекогаш по цели недели се во карантин со цел да се подготвени и концентрирани за натпревар. Но има и такви кои не се навикнати на тоа, ги разбирам, но мора да издржиме“.
 
Панчев опиша како тече неговиот ден во изолација.
 
„Вообичаениот ден на човекот е, доколку имате работа, работите, потоа може да се видите со пријателите, па доаѓате дома, ручек, па дружење со семејството, сега сето тоа се промени. Поразлично е бидејќи мораме да правиме нешто што не сакаме. Инаку, сопругата и јас гледаме добри филмови, во текот на денот ќе изгледаме по два, три филма. Поготово овие најновите, има многу добри филмови. Тука ни се децата кои се вредни, учат, ги одработуваат своите обврски и тоа прекрасно. Времето се пополнува, но ние луѓето сме навикнати да бидеме слободни, сепак мора да бидеме одговорни за сето ова да го преживееме“.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе