Плејоф финале за пласман во Серија А

Палермо ја доби првата битка со Фросиноне, Несторовски и Трајковски пред враќање во Серија А (ВИДЕО)

Палермо со пресврт дојде до победа против Фросиноне од 2-1 во првиот финален натпревар од плејофот за влез во Серија А.

Иако беше апсолутно подобар во текот на целиот натпревар, Палермо тешко извојува победа против Фросиноне во првиот финален натпревар.
 
Гостите поведоа со фантастичен погодок на Чиано уште во 5. минута. Палермо имаше серија напади пред конечно во 45. минута преку Ла Гумина да го изедначи резултатот.
 
Победата дојде на десет минути до крајот кога Теранова си постигна автогол за победа на Палермо од 2-1.
 
Несторовски ги одигра сите 90 минути, Трајковски во игра влезе во 68. минута.
 
Реваншот се игра во сабота во 20:30, Фросиноне е домаќин, но квалитетот и резултатот од првиот меч е на страната на Палермо.
 

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе