Атракција во стилот на Бразилците

Пакета доби жолт картон поради дриблинг, Нејмар порача: Ова е жално... умира „жога бонито“ (ВИДЕО)

Нејмар се огласи на социјалните мрежи откако неговиот сонародник Лукас Пакета од Лион доби жолт картон зошто се обиде да продаде „бразилска финта" и да ја префрли топката преку противникот.

Во последните мигови од мечот помеѓу Лион и Троја, Лукас Пакета влезе во бележникот на судијата. Бразилецот доби топка покрај корнер знаменцето и се обиде да продаде „бразилска финта“ и да ја префрли топката преку противникот. Дриблингот не беше успешен, Бразилецот бараше играње со рака а фудбалерот на Троја нешто се бунеше кај судијата. На крајот Лукас Пакета доби жолт картон, иако не се знаат деталите од целата конверзација, се шпекулира дека картон бил покажан поради дриблингот и обидот да го понижи противникот.

Ова беше причина Нејмар да се огласи на социјалните мрежи и да изрази разочарување од ваквиот развој на настаните, со оглед на тао дека и тој доби жолт картон за слична работа минатата сезона против Монпеље.

„Многу тажни сцени, да добие жолт картон за дриблинг... Потегот кој го направи е решение, без разлика на кое место од теренот е направен и без разлика која е минутата. Истото ова ми се случи и мене минатата сезона! Еве сега му се случува на Пакета. Искрено, не го разбирам мотивот. Полека умира „жога бонито“. Уживајте додека можете“ – напаиша ѕвездата на ПСЖ.

Подолу можете да го погледнете дриблингот на Лукас Пакета.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе