По веста дека најбогатиот Британец, Џим Ратклиф доставил предлог за купување на Челси вреден 4,25 милијарди фунти (околу 5 милијарди евра), вечерва пристигна информација дека е донесена одлука и познат е новиот сопственик на клубот од Стемфорд Бриџ.
Голем број на извори пренесуваат дека Челси оди во рацете на конзорциум предводен од Тод Боли во зделка вредна 3,5 милијарди фунти (речиси 4,2 милијарди евра).
Со слични написи излегоа и медиумите од Швајцарија, со оглед на тоа дека дел од конзорциумот е и Хансјорг Вис, кој беше меѓу првите кои откри дека Роман Абрамович го продава Челси и изрази желба да стане дел од новата сопственичка структура на „сините“.