ИЗДРЖА САМО 77 ДЕНА

Падна првиот отказ во Премиерлигата, Де Бур оди во историјата како најлош менаџер

Франк Де Бур е првиот менаџер во Премиерлигата кој доби отказ оваа сезона, Холанѓанецот издржа само 77 дена и си заминува со четири порази на исто толку натпревари во Премиерлигата

Франк Де Бур минатата година заработи отказ од Интер по само 85 дена, но сега се надмина и „доби клоца“ од Кристал Палас по само 77 дена.

Тој оди во историјата како најлош менаџер, „Орлите“ станаа првиот клуб во Премиерлигата кој доживеал пораз на првите четири кола без да постигне гол.

„Кристал Палас утрово се раздели со Франк Де Бур. Сакаме да му се заблагодариме за посветеноста и напорната работа. Му посакуваме се најдобро во иднина“ - гласеше известувањето.

„Наскоро ќе биде именуван нов менаџер“.

Премиерот имаше добра прилика во највисокиот светски политички форум, поексплицитно да ги образложи причините за спорот за името.

повеќе

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе

Драги пратеници, помислете добро пред да притиснете копче за двојазична Македонија.

повеќе