Му пресудија слабите резултати

Падна првата тренерска жртва во Примера, Селта му врачи отказ на Оскар Гарсија

Селта се раздели со тренерот Оскар Гарсија, лошиот старт во новата сезона и само една победа од девет натпревари значеше отказ и покрај тоа што стратегот во јуни беше награден со нов двегодишен договор.

Падна првата тренерска жртва во Примера, Селта утрово се раздели со Оскар Гарсија.

„Оскар Гарсија и неговиот тренерски персонал повеќе нема да седат на клупата на Селта. Клубот сака да им се заблагодари за работата, професионалноста и напорот во годината помината на кормилото и обезбедениот опстанок во една комплицирана сезона. Селта исто така сака да им посака многу среќа во иднина на професионално и лично поле“ – гласеше известувањето.

Оскар Гарсија седна на тренерското столче на Селта во ноември минатата година, а во јуни беше награден со нов двегодишен договор.

Сепак, лошиот старт на новата сезона и само една победа од девет натпреварот значеше отказ.

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе