Лига на нации

Падна Косово, Македонија е на чекор до историски пласман на Европско првенство! (ВИДЕО)

Македонската фудбалска репрезентација го победи Косово со 2-1 и се пласираше во финалето од плеј-офот за пласман на Европското првенство, а за историскиот успех ќе се бори со Грузија. 

Македонија на Арената „Тодор Проески“ го победи Косово со 2-1 и дојде на еден чекор до историја, до пласман на Европското првенство.
 
Македонските фудбалери одиграа одличен меч, особено во второто полувреме иако двата гола ги постигнаа во првиот дел од мечот.
 
На почетокот од мечот Косово тргна силно кон нашиот гол, играа висок пресинг, но работите се променија во 16. минута. Ристовски шутираше, топката го удри Кололи и влезе во косовскиот гол за водство на Македонија од 1-0.
 
 
Откако го постигнавме голот како да се симна голем притисок од грбот на нашите фудбалери па заигравме значително подобро.
 
Но, по еден голем кикс на голманот Димитриевски и Велковски во 29. минута, Хадергонај постигна гол за израмнување на 1-1.
 
Радоста на фудбалерите на Косово траеше само четири минути, тогаш Велковски се искупи за грешката, постигна гол со глава и го врати водството на Македонија.
 
 
Во второто полувреме избраниците на Игор Ангеловски почнаа да играат многу подобро, Косово беше во подредена улога, се редеа шанси пред нивниот гол. Гостите како да беа уморни од пресингот што го одиграа во првиот дел, па изгледаа немоќно во вторите 45 минути.
 
ВАР за прв пат се активираше на арената „Тодор Проески“ и за жал со негова помош ни беа поништени два гола, едниот на Пандев, вториот на Адеми.
 
Косово во самиот финиш, во 94. минута имаше фантастична шанса, но Димитриевски со одлична двојна одбрана го спаси нашиот гол за на крајот да славме заслужена победа од 2-1.
 
Следниот месец во Грузија фудбалерите ќе го имаат мечот на нивните кариери, натпреварот кој може да донесе историски успех за македонскиот фудбал, пласман на Европското првенство.

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе