Преговорите завршија успешно

Падна договор, Костиќ ќе биде седмиот Србин кој го облекол дресот на Јувентус

Медиумите од Германија и Италија пренесуваат дека конечно паднал договор помеѓу Ајнтрахт Франкфурт и Јувентус за трансфер на Филип Костиќ, Србинот наместо да игра против Реал Мадрид во Суперкупот на Европа, ќе патува во Торино.

Со месеци се шпекулираше дека Јувентус се обидува да го ангажира Филип Костиќ, во еден момент и Вест Хем се приклучи во трката за потписот на Србинот, но конечно падна договор помеѓу „старата дама“ и Ајнтрахт Франкфурт.

Неколку извори од Германија и Италија попладнево пренесоа дека е подадена рака за трансфер вреден околу 17-18 милиони евра.

Од таборот на „орлите“ потврдија дека Филип Костиќ нема да патува во Финска за дуелот против Реал Мадрид во Суперкупот на Европа.

Се очекува Србинот во текот на денот да пристигне во Торино за да ги помине лекарските прегледи и да го комплетира трансферот во Јувентус.

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе