Дефанзивецот вчера беше прободен со нож

Пабло Мари испрати порака од болница (ФОТО)

Пабло Мари испрати порака од болница, дефанзивецот на Монца се заблагодари на поддршката и изрази сочувство до семејството и пријателите на лицето кое почина во синоќешниот напад во супермаркетот на „Карфур" во Милано.

Пабло Мари беше еден од петмината кои синоќа беа нападнати со нож во супермаркет на „Карфур“ во Милано, дефанзивецот на Монца се здоби со исекотина на грбот.

Со порака на социјалните мрежи од болница, Пабло Мари попладнево се заблагодари за пораките со поддршка и испрати сочувство до семејството и пријателите на лицето кое почина.

„По тешките моменти кои ги искусивме синоќа, јас и моето семејство сакаме да ве информираме дека за среќа поминавме добро и сакаме да ви се заблагодариме за пораките со поддршка. Исто така, сакаме да испратиме сочувство до семејството и пријателите на лицето кое почина и искрено посакуваме сите повредени да оздрават што е можно побрзо“ - гласеше пораката на Пабло Мари, кој од болничкиот кревет испрати подигнати палци со својата сопруга.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Pablo Marí (@pablomv5)

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе