По критиките кои ги доби за сликата со турскиот претседател Ердоган

Озил поради расизам и непочитување се збогува со „Панцeрите“: Повеќе не сакам да го носам дресот на Германија!

Месут Озил соопшти дека се повлекува од репрезентацијата на Германија и нема намера да го носи националниот дрес се додека во федерацијаа има луѓе кои шират расизам.

Фудбалерот на Арсенал беше на удар на јавноста откако заедно со Илкај Гундоган се сретна со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Покрај критиките од фановите, по репрезентативците силно удри и првиот човек на Фудбалската федерација на Германија.

Дури и се шпекулираше дека Озил и Гунгодан би можеле да не бидат дел од „Панцeрите“ на мундијалот во Русија, двајцата сепак се најдоа на списокот на Лев. Но  по слабото издание и срамната елиминација уште во групата, критиките продолжија.

Сега откако се смирија страстите, Месут Озил соопшти дека се повлекува од репрезентацијата. Плејмејкерот во долг пост на социјалните мрежи најави дека нема намера во иднина да го носи нациналниот дрес се додека во федрацијата има луѓе кои шират расизам.

„Поради третманот кои го добив од Фудбалската федерација на Германија и многу други лица, повеќе не сакам да го носа дресот на Гераманија. Чувствувам дека повеќе не ме сакаат и се она што имам направено од 2009 па наваму е заборавено. Луѓе кои имаат расистички и дискриминаторни ставови не треба да работат во федерацијата бидејќи во денешно време многу играчи имаат корени од други земји“ – вели Озил.

„По долго размислување, решив да не играм за репрезентацијата се додека го имам ова чувство на расизам и непочитување. Го носев дресот на Германија со гордост, бев возбуден секогаш кога настапував за националниот тим, но тоа повеќе не е така. Одлуката е тешка, но кога високи членови на федерацијата не ги почитуваат моите турски корени и себично ме користат за политичка пропаганда, што е многу, многу е. Никогаш нема да прифатам расизам“.

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе

Прашањето е претенциозно, интенционално и суштински погрешно формулирано, не го задоволува т.н. троен тест на единство и е итро, манипулативно и сугестивно.

повеќе