Имало нови инциденти

Озил и Колашинац и понатаму се мета на крадци, Арсенал не ги повика за дуелот со Њукасл

Месут Озил и Сеад Колашинац не добија повик за дуелот со Њукасл во воведното коло од Премиерлигата, Арсенал соопшти дека се решиле на ваков чекор бидејќи имало нови безбедносни инциденти.

Сеад Колашинац пред две недели ги освои симпатиите откако без грам страв скокна да се пресмета со две лица кои сака да му го украдат автомобилот на Месут Озил.

Но очигледно двајцата играчи и понатаму се на мета, Арсенал соопшти дека Месут Озил и Сеад Колашинац нема да бидат во комбинација за воведното коло од Премиерлигата и гостувањето кај Њукасл поради нови безбедносни инциденти.

„Топчиите“ не открија подетално за што станува збор, па тоа придонесе да се појават најразлични гласини.

Некои извори велат дека изминативе денови сомнителни лица се движат околу домовите на фудбалерите во вечерните часови, а некои пак пишуваат дека имало и одредени инциденти.

Мирор пренесе дека Германецот и Босанецот добиле закани, и двајцата биле трауматизирани и шокирани по она што им се случило. На играчите им станало јасно дека крадците знаат каде тие живеат, и сега се загрижени за својата безбедност но и безбедноста на нивните семејства.

Извор близок до нив за весникот изјавил дека фудбалерите се исплашени и длабоко загрижени. Сега се истражува дали Озил и Колашинац се мета на одредени индивидуи или пак банда. Арсенал веќе ја известил полицијата и посредува за решавање на проблемот.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе