Денови по најавите дека Шпанецот може да направи трансфер во Манчестер јунајтед

Ова ретко се гледа, Билбао ја заштити својата голема ѕвезда со договор на ДЕВЕТ години!

Само неколку дена по шпекулациите за трансфер во Манчестер јунајтед, Атлетик Билбао го заштити Ињаки Вилијамс со договор кој ретко се гледа и ја продолжи верноста на својата голема ѕвезда дури до 2028.

Во светот на фудбалот најстандардни се договорите не четири или пет години, понекогаш клубовите се одлучуваат и за договор во траење од шест години, но она што го направи Атлетик Билбао ретко се гледа.

Клубот од Баскија ја заштити својата голема ѕвезда Ињаки Вилијамс со договор на ДЕВЕТ години. Напаѓачот, кој минатата недела се поврзуваше со трансфер во Манчестер јунајтед како замена за Ромелу Лукаку, се обврза дури до 2028.

Шпанецот доби и откупна клаузула која е рекордна за Атлетик Билбао и изнесува 135 милиони евра.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе