Стратегот го напушта Јувентус по крајот на сезоната

Открино како Алегри им кажал на играчите дека заминува, Роналдо му испратил порака

Јувентус денеска соопшти дека Макс Алегри го напушта клубот, неколку часа пред соопштението, тренерот ги собрал сите во тренинг центарот за лично да им ја пренесе оваа вест.

„Старата дама“ следната сезона ќе има нов тренер и покрај тоа што Макс Алегри имаше валиден договор за 2019/20. Тренерот и лидерите на клубот оваа недела три пати се сретнаа да разговараат за иднината, не беа на иста бранова должина па решија да се разделат.

Медиумите од Италија сега пренесуваат како Макс Алегри му кажал на тимот дека заминува. Спортмедиаст вели дека тренерот ги повикал играчите, персоналот, физиотерапевтите, докторите и економот на средба во теретаната.

Тој најпрво им рекол, „Во недела ќе биде последниот меч на Барзаљи“ а потоа додал „и мој исто така“.

Спортмедиасет вели дека Кристијано Роналдо бил еден од фудбалерите кои реагирале и ЦР7 дофрлил, „Во недела играме за Алегри“.

Јувентус во недела ја пречекува Аталанта, натпревар на кој домаќините ќе треба да парадираат пред својата публика со новото освоено Скудето.

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе