Французинот не премолчел

Откриено што му одговорил Погба на Мурињо откако пред целиот тим бил наречен вирус

Медиумите од Англија пишуваат нови детали од расправијата помеѓу Жозе Мурињо и Пол Погба, наводно Французнот му кажал на Португалецот дека нема на кој да подаде поради лошата тактика.

По ремито на „Сент Мерис“, на големо се пишуваше дека Жозе Мурињо жестоко го нападнал Пол Погба, и пред целиот тим го нарекол вирус.

„Ти си како човек со грип, со вирус, во затворен простор, го пренесуваш вирусот на другите. Не играш, не ги почитуваш останатите играчи и навивачите, и го убиваш менталитетот на добрите и искрените луѓе околу тебе“ – се наводните зборови кои Мурињо му ги упатил на Французинот.

Сега медиумите од Англија откриваат повеќе детали од тоа што се случувало во соблекувалната.

Според пишувањата на „Тајмс“, Погба одговорил на критиките на Мурињо, и му кажал дека немал на кого да подаде поради лошата тактика и стилот на игра кој го негува Португалецот.

Погба не реагирал бесно на навредите, и со смирен тон го кажал своето мислење.

Без оглед на фактот што од постоењето на уметноста постои и теорија и приказна за тоа, уметничкиот процес останува крајно неразбирлив.

повеќе

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе