Тренерот на Наполи има само пофални зборови за Македонецот

Откриено како Спалети реагирал кога прв пат го видел Елмас: Момчево е феномен!

Во пресрет на големото дерби помеѓу Наполи и Милан, Елиф Елмас се најде во фокусот на Кориере дела Сера, весникот открива како реагирал Лучано Спалети кога за прв пат го видел Македонецот на подготовките минатото лето.

Вечерва на „Диего Армандо Марадона“, Наполи го пречекува Милан во големото дерби на 28. коло во Серија А, натпревар кој може да има голема улога во битката за Скудетото.

Во фокусот на Кориере дела Сера се најде Елиф Елмас, кој го реши првиот дуел помеѓу двата клуба оваа сезона и донесе триумф на „наполитанците“ на Сан Сиро.

„Кога Спалети го сретна Елмас на подготовките минатото лето, рече: „Момчево е феномен““ – пишува весникот.

За Македонецот, КдС додава: „Игра секогаш, игра секаде, тој е џокер во средниот ред и нападот и веќе има постигнато шест погодока. Неговата цена на трансфер пазарот забележа огромен пораст. Наполи за неговите услуги плати 16 милиони евра плус бонуси, но сега вреди барем три пати повеќе“.

Во меѓувреме, Лучано Спалети имаше само пофални зборови за Елмас пред вечерашниот дуел.

„Елмас е „треквартиста“ но може да биде и „лажна 9-ка“, фудбалер кој е одлучен кога ќе дојде во „жешката зона“ (околу шеснаесетникот). Знае како да се адаптира на повеќе ситуации и ова само ќе придонесе тој да учи се повеќе. Се работи за интелегентно момче, разбира се и убавината е што сето тоа што го разбира, никогаш не го заборава. Пред него е голема иднина“ - вели тренерот на Наполи.

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе