Леонардо почнал да прави компромиси откако добил повик од Нејмaр постариот

Откриени нови детали од средбата на Барса и ПСЖ, Нејмар повеќе нема да тренира со останатите играчи

Спортскиот директор на ПСЖ го променил тонот во преговорите на синоќешниот состанок со делегацијата на Барселона откако добил телефонски повик од таткото на Нејмар, кој му кажал дека мора да направи напор и да се изнајде решение.

Синоќа за прв пат имаше лице во лице преговори помеѓу Барселона и ПСЖ за трансфер на Нејмар. Медиумите веќе објавија како се одвивале преговорите и што „каталонците“ ставиле на маса и што „светците“ побарале.

Попладнево се објавени нови детали. Адвокатот Хасинто Висенте, кој е специјализиран за спортско право, за „Копе Барселона“ откри дека Леонардо имал премногу барања, па човекот од доверба на Барса, Андре Кури му порачал дека не е сериозен и му се јавил на таткотo на Нејмар.

Неколку минути подоцна, спортскиот директор на ПСЖ добил телефонски повик од Нејмар постариот кој му соопштил дека мора да направи напор за да се пронајде решение.

Дури по овој разговор, двете страни почнале да наоаѓаат компромиси за играчите кои можат да бидат вклучени во зделката. 

Во меѓувреме, неколку извори пренесоа дека Нејмар денеска тренирал сам, и Бразилецот ќе биде надвор од групата се додека не се разреши неговата иднина, без разлика дали тоа ќе биде трансфер во Барселона или преселба во Реал Мадрид.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе