Двете страни веќе си подале рака

Откриени деталите од договорот помеѓу Барса и Гризман, Французинот се откажува од богатство

Антоан Гризман замнува од Атлетико и многумина веруваат дека негова следна дестинација ќе биде Камп Ноу, се шпекулира дека напаѓачот и Барса си имаат подадено рака за пет годишен договор и плата од 17 милиони евра по сезона.

Синоќа вест на денот беше одлуката на Антоан Гризман да го напушти Атлетико. Французинот по пет години поминати во Мадрид реши дека е време за нов предизвик.

Тој не откри каде ќе игра во иднина, но многумина веруваат дека тое е Барселона, клубот со кого минатото лето беше многу блиску до потпис.

Според Л’екип, Антоан Гризман и „каталонците“ веќе си имаат подадено рака за пет годишен договор според кој фудбалерот ќе заработува 17 милиони евра по сезона. Тоа значи дека тој на Камп Ноу ќе добива помала плата од она која во моментов ја заработува на „Ванда“ (21 милион евра годишно) и всушност се откажува од 20 милиони евра.

Весникот вели дека контактите помеѓу лидерите на Барселона и луѓето од таборот на Антоан Гризман започнале уште во март кога Атлетико беше елиминиран од Лигата на шампионите и двете страни за брзо време пронашле заеднички јазик.

ПСЖ и Баерн Минхен исто така се посочуваат како клубови кои би можеле да достават понуда, но тешко е за очекување дека Антоан Гризман по втор пат ќе го погази дадениот збор кон Барселона.

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе