Роберт Левандовски летово пристигна на Камп Ноу во зделка од 50 милиони евра. И покрај тоа што има 34 години, стави потпис на четиригодишна соработка со „каталонците".
Медиумите од Шпанија сега откриваат детали од договорот на напаѓачот со Барселона.
Во својата прва сезона, тој ќе има нето плата од 10 милиони евра, во втораа сезона нето плата од 13 милиони евра, најдоходовна ќе му биде третата сезона со нето плата од 16 милиони евра, додека пак во последната сезона платата ќе се врати на 13 милиони евра нето.
Барселона исто така има опција предвреме да ја прекине соработката но под еден услов. Доколку во сезоната 2024/25 (третата сезона), Роберт Левандовски одигра помалку од 55% од натпреварите, „каталонците" ќе можат еднострано да го раскинат договорот.
Платата на Роберт Левандовски исто така може дополнително да се зголеми во зависност од успесите на Барселона, предвидени се годишни бонуси од 300.000 до 1 милиони евра.