Флорентино Перез во нова офанзива

Откриена понудата на Реал за да го купи Мбапе во јануари

Агентот Џовани Бранкини открива дека Реал Мадрид сака да го ангажира Килијан Мбапе уште сега, Флирентино Перез на маса ставил 50 милиони евра за трансфер на напаѓачот во јануари.

„Кралевите“ минатото лето, во последните денови од преодниот рок, тргнаа во офанзива по потписот на Килијан Мбапе, доставија три понуди, последната вредна 200 милиони евра, но ПСЖ не сакаше да слушне за продажба.

Со оглед на тоа дека Французинот ја одработува последната година од договорот и одби неколку предлози за продолжување на соработката, се очекува тој да ја продолжи кариерата на Сантијаго Бернабеу и како слободен играч да се пресели во Мадрид.

Но Реал не сака да чека до јули, сака да го купи Килијан Мбапе уште сега и на маса ставил 50 милиони евра.

„Реал Мадрид сака уште сега да го ангажира Мбапе и понуди 50 милиони евра да го добие уште овој месец, сега се зависи од ПСЖ“ – вели агентот Џовани Бранкини.

„Не знам како ќе се одвиваат работите, но ми се чини дека иницијативата на Флорентино Перез заслужува внимание. Ова е порака за стабилизација на системот, жално е за сите, фудбалер од таков калибар да направи трансфер како слободен играч“.

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе