Ќе биде еден од најплатените во Премиерлигата

Откриена астрономската плата на Џејдон Санчо во Манчестер јунајтед

Џејдон Санчо ќе стане еден од најплатените на Олд Трафорд и во Премиерлигата доколку се пресели во Манчестер јунајтед, напаѓачот со „ѓаволите" договорил плата од 350.000 фунти неделно.

Неколку извори во текот на вчерашниот ден пренесоа дека Џејдон Санчо се договорил со Манчестер јунајтед и „ѓаволите“ доставиле понуда до Борусија Дортмунд. Се шпекулира дека разликата помеѓу двата клуба е околу 20 милиони евра, но се очекува да биде пронајден компромис и Англичанецот да се врати во Премиерлигата.

Што се однесува до неговиот договор, Гардијан пренесува дека Џејдон Санчо ќе добие неделна плата од 350.000 фунти со што ќе стане еден од најплатените на Олд Трафорд, само Давид Де Хеа ќе има поголеми примања.

Со ваква сума, Џејдон Санчо ќе биде и помеѓу тројцата најплатени во Премиерлигата (заедно со Давид Де Хеа и Пјер Емерик Обамејнаг).

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе