„Кралевите“ сакале да ги спојат Роналдо и Меси

Откриен сензационален план на Флорентино Перез: Во 2013 со 250 милиони Реал сакал да го купи Меси!

Шпигел вечерва откри дека Реал Мадрид во 2013 остварил контакт со Лео Меси и се обидел да го донесе Аргентинецот на Сантијаго Бернабеу за 250 милиони евра

Германскиот весник, кој е дел од медиумите кои ги истражуваат документите од Фудбал Ликс, објави дека Реал Мадрид во 2013 имал сензационален план да го ангажира Лео Меси.

„Кралевите“ биле подготвени со 250 милиони евра да ја активираат откупната клаузула на Лео Меси, и за ваквата намера го известиле адвокатот на играчот, кој потоа предлогот го пренел до Аргентинецот и неговиот татко.

Реал Мадрид на Лео Меси му ветил плата од 23 милиони евра и договор до 2021, а богато ќе го наградел и неговиот татко, кој ќе „лапал“ по еден милион евра секоја година.

Шпигел додава дека планот на „Кралевите“ бил и малку нобичен, средбата на која требале да се потпишат документите требала да се случи во воздух, поточно во приватен авион во кој ќе биле само играчот, неговиот агент, претседателот Флорентино Перез, тогашниот спортски директор Мигел Пардеза и адвокат на клубот.

Реал Мадрид исто така на Лео Меси му ветил дека ќе го искористи својот статус за да изврши притисок и да исчезне проблемот на играчот со даночните власти.

На прашањето за ваквата сторија, коментарот на Реал Мадрид е дека „овие информации немаат никаква врска со реалноста, и се целосно лажни“.

Во 2013, „Кралевите“ донесоа галактико засилување во името на Герет Бејл.

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе