Премиерлига

Осум од осум за Ливерпул, овој пат победа над Лестер со гол од пенал во 94. минута (ВИДЕО)

Осум натпревари осум победи за Ливерпул во Премиерлигата оваа сезона, овој пат играчите на Клоп го остварија најтешкиот триумф бидејќи тој дојде во 94. минута од пенал.

Лестер беше на чекор да си замине непоразен од Енфилд, но Ливерпул освои нови три бода со гол во последната минута.
 
Резултатот беше отворен на пет минути до крајот на првото полувреме кога Мане погоди по еден контра напад. На десет минути пред крајот Медисон го изедначи резултатот на 1-1.
 
Течеа последните минути од судиското продолжение, Мане беше соборен во шеснаесетникот, а по консултација со ВАР беше покажан пенал за Ливерпул. Милнер го реализираше за нова голема победа на црвените.
 
Астон Вила со 5-1 славеше на гостувањето кај Норич, Барнли со 1-0 го совлада Евертон, мечот меѓу Ватфорд и Шефилд јунајтед заврши без голови.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе