Фрустрациите во соблекувалната се големи

Осум фудбалери на Манчестер јунајтед му се налутиле на Солшер, стратегот ги излажал и не ги исполнил ветувањата

Медиумите од „островото" пренесуваат за фрустрации во соблекувалната на Манчестер јунајтед, осум фудбалери му се налутиле на Оле Гунар Солшер откако стратегот не го исполнил ветувањето за поголема минутажа.

Оле Гунар Солшер е под огромен притисок по серијата лоши резултати, а стратегот има и големи проблеми во соблекувалната, незадоволство има и кај ѕвездите, но и кај оние кои се во втор план.

Медиумите од „островото“ пренесуваат дека осум фудбалери му се налутиле на Норвежанецот, веруваат дека биле излажани и стратегот не го исполнил ветувањето.

ЕСПН пренесува дека се работи за Дони ван де Бек, Антони Марсијал, Џеси Лингард, Дин Хендерсон, Ерик Баји, Диого Далот, Хуан Мата и Алекс Телеш.

Летоска, им било ветено дека оваа сезона ќе добијат поголема минутажа и дека Солшер нема постојано да користи едни исти играчи. Па тие решиле или биле приморани да останат на Олд Трафорд и покрај тоа што имале понуди.

Особено се нагласува случајот на Дони ван де Бек, кој беше мета на Евертон но Солшер го блокираше трансферот. Холанѓанецот одигра само 16 минути во Премиерлигата. Слична е и ситуацијата на Џеси Лингард кој сакаше перманентен трансфер во Вест Хем по успешната позајмица во редовите на „чеканите“ но остана во Манчестер јунајтед на барање на Норвежанецот.

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе