Куп на Италија

Оспина од трагичар до херој, Елмас и Наполи во финале (ВИДЕО)

Благодарение на победата во Милано, Наполи ќе игра во финалето од Купот на Италија откако денешниот меч на Сан Паоло против Интер заврши нерешено 1-1. 

Наполи и Јувентус во Рим ќе се борат за пехарот од Купот на Италија откако Наполитанците вечерва ја сочуваа предноста од 1-0 остварена во Милано и со вкупни 2-1 се пласираа во финалето.
 
Елиф Елмас беше стартер на мечот и на теренот се задржа 65 минути кога на негово место во игра влезе Фабиан Руиз.
 
Натпреварот почна шокантно за Наполи, во втората минута Ериксен постигна гол директно од корнер и тоа меѓу нозете на Оспина, Интер поведе со 1-0.
 
Но откако прими смешен гол, Оспина почна да блеска на голот, прво со одлична одбрана спречи Интер да го зголеми водството на 2-0, а во 41. минута имаше фантастичен долг пас до Инсиње кој асистираше до Мертенс за лесна реализација и 1-1.
 
Во второто полувреме Наполи се повлече, Интер беше тимот кој напаѓаше и се обидуваше да дојде до погодок, но не беше возможно Оспина да се совлада по втор пат. Особено впечатлива беше една негова интервенција при шут на Ериксен, голманот со фантастичен рефлекс спречи ново водство на Интер.
 
Финалето меѓу Наполи и Јувентус се игра веќе во среда на Олимпико во Рим, а викендот потоа продолжува сезоната од Серија А.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе