Серија А

Осимен блесна, Наполи убедливо славеше против Специја (ВИДЕО)

Наполи скокна на втората позиција на табелата откако попладнево со 1-4 триумфираше против Специја, рекордното засилување Виктор Осимен постигна два гола и забележа една асистенција.

Наполи растеретен ќе ги чека резултатите на ривалите за топ четири пласман, избраниците на Гатузо убедливо славеа на гостувањето кај Специја.

Рекордното засилување Виктор Осимен конечно покажува зошто беше платен 80 милиони евра, денеска постигна два погодока и сега на последните четири меча има пет гола.

Резултатот беше отворен по 15 минути игра, Зелински доби топка на првата статива и ја затресе мрежата за 0-1. Во 23. минута, Осимен беше уфрлен во празно, напаѓачот им избега на чуварите и погоди за 0-2. Во финишот на првиот дел, Осимен по втор пат се запиша во листата на стрелците откако по еден прекин избегна офсајд замка и се најде осамен пред голманот на домаќините.

Пиколи намали на 1-3 во 64. минута, но Лозано во 79. минута реализираше за 1-4 и ги потврди трите бода со кои Наполи скокна на втората позиција на табелата.

Нашиот Елиф Елмас доби шанса во второто полувреме и на теренот помина нешто повеќе од 15 минути.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе