Спортскиот директор на Лидс е горд на Македонецот

Орта: Не знам дали Алиоски ќе остане, но секоја чест за тоа како одигра на последните 10 натпревари!

Спортскиот директор на Лидс, Виктор Орта откри дека разговарал лице во лице со Езгјан Алиоски, му се допаднало она што го слушнал но не знае дали Македонецот и следната сезона ќе го носи дресот на „белите".

Езгјан Алиоски има договор со Лидс до 30. јуни и често се пишува дека Македонецот ќе стави крај на авантурата на „Еланд Роуд“ и ќе се пресели во Галатасарај.

Спортскиот директор на Лидс, Виктор Орта откри дека разговарал лице во лице со популарниот Џани, му се допаднало она што го слушнал но не знае дали фудбалерот ќе остане.

„Не знам дали ќе остане, има договор до 30. јуни. Тој ја разбира нашата позиција и јас ја разбирам неговата позиција. Имавме добар разговор лице во лице. Го прашав три работи, одговорите ме направија среќен. Тој сега е на потег. Треба да одлучи каков играч сака да биде следната сезона. Не се работи за Лидс, се работи за личен избор“ – вели Орта.

„Морам да го пофалам Џани за една работа. Џани нема голем договор, но интензитетот со кој одигра на последните 10 натпревари и тоа без договор... горд сум на ова. Во еден момент почнав да се прашувам, дали игра вака за подобро да се продаде? Но и претходно имаше понуди, знам дека доби неколку понуди“.

„Играше на ова ниво бидејќи сака да остане. Се почувствував навистина горд. Неговото однесување од прв до последен ден е извонредно “.

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе