Премиерлигашот елиминиран од Лига Европа

Олимпијакос го шокираше Арсенал во 120. минута! (ВИДЕО)

Олимпијакос го исфрли Арсенал од Лига Европа откако го победи со 2-1 на Емирати во меч на кој се играа и продолженија. 

Арсенал го доби првиот натпревар со 1-0 и се очекуваше рутински да си ја заврши задачата на домашен терен и да се пласира во осминафиналето, но Олимпијакос направи големо изненадување.
 
Олимпијакос дојде во водство во 53. минута од натпреварот кога Сисе со глава постигна гол. Вкупниот резултат беше изедначен.
 
Арсенал се обидуваше да дојде до гол, но немаше нов погодок до крајот на регуларните 90 минути па натпреварот отиде во продолженија.
 
Во 109. минута Масурас ја погоди пречката од голот на Арсенал.
 
Четири минути подоцна Обамејанг постигна убав гол со ножички за израмнување на 1-1, со овој резултат Арсенал одеше понатаму.
 
И кога сите очекуваа крај, Ел Араби во последните моменти постигна гол за водство и победа на Олимпијакос од 2-1.
 
Обамејанг можеше да го спаси Арсенал во 123. минута, но промаши од идеална позиција.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе