Американизација на европскиот фудбал

„Ол-стар“ меч, Премиерлигата против остатокот од Европа

Инсистирањата на американските сопственици на клубовите може да се претворат во реалност, „Тајмс“ пишува дека во блиска иднина може да се случи ол-стар меч, веќе има планови.

Пред извесно време новиот сопственик на Челси, Тод Боли праша: „Зошто нема ол-стар меч во Премиерлигата?“. Тој вели дека од тоа ќе имаат економски бенифит клубовите, а фановите ќе уживаат во добро шоу.

Неговите зборови наидоа на исмевање од фудбалските критичари. Но сепак може да се случи американизација во европскиот спорт.

„Плановите за ол-стар меч повторно заживуваат и стануваат актуелни. Најдобрите 11 од Премиерлигата против најдобрите од Бундеслигата, Ла Лига и остатокот од врвните лиги“, најавува „Тајмс“.

Се уште нема ништо конкретно, но многу пари се во прашање, па ништо чудно доколку почнало да се размислува на таа тема.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе