Сторителот познат на полицијата

Ограбен домот на Роналдо во Мадеира, крадецот си заминал со потпишан дрес од Јувентус

Медиумите од Португалија пренесуваат дека синоќа се случил грабеж во домот на Кристијано Роналдо во Мадеира, крадецот си заминал со неколку предмети од помала вредност и потпишан дрес од Јувентус.

Ограбен дoмот на Кристијано Роналдо во родниот Фуншал, Мадеира. Како што пренесуваат медиумите, крадецот влегол преку отворена врата на гаражата.

Инцидентот бил пријавен во средата наутро од страна на роднина на фудбалерот. Крадецот си заминал со неколку предмети од помала вредност и потпишан дрес од Јувентус.

Сепак, тој брзо ќе биде пронајден. Безбедносните камери го снимле целиот настан, лицето и било добро познато на полицијата, па само прашање на време е кога ќе биде уапсен.

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе