Интер е пред елиминација во Лигата на шампиони и за да имаат било какви шанси за пласман во нок-аут рундата, избраниците на Антонио Конте мораат вечерва да победат на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах.
Подготовките за мечот сепак не одат според платно, фудбалерите останале без сон откако утрово околу 4 часот имало огномет пред хотелот.
Исто така во дворот на хотелот осамнал и транспарент со пораката „Запомнете, работите се подобри со Кока-кола“.
Ова се однесува на мечот од 1971 година кога Борусија Менхенгладбах го победила Интер со 7-1. При резултат од 2-1, гостинскиот напаѓач Роберто Бонинсења бил погоден со предмет во глава, односно со лименка Kока-кола, и морал да биде заменет.
Фудбалерите на Интер барале мечот да се прекине, двете страни и судијата се натегале неколку минути но играта продолжила. Гостите биле убдени дека службено ќе го добијат овој натпревар, па не притискале и во продолжението примиле пет гола.
Според правилата, Интер не можел да добие службена победа, но УЕФА нашла компромисно решение и наредила преигрување. Повторниот натпревар се играл во Берлин и завршил со 0-0. Претходно Интер дома славел со 4-2, па го продолжил настапот во тогашниот Европски Куп.