Човекот кој три пати по ред им ја донесе титулата во Лигата на шампионите

Официјално: Зидан се врати, повторно е тренер на Реал Мадрид

Како што претходно најавија медиумите, Зинедин Зидан се врати на кормилото на Реал Мадрид, сега клубот и официјално го потврди неговиот ангажман.

Солари е минато, Зидан е нов тренер на Реал Мадрид, клубот вечерва ги израдува навивачите.
 
„Зинедин Зидан е нов тренер на Реал Мадрид. Тој потпиша до 30. јуни 2022 година. Французинот се враќа во клубот каде направи историја и како играч и како тренер. Со него на клупата тимот стартуваше една од најтрофејните ери. За две години и пет месеци со него освоивме девет титули од кои три во Лигата на шампионите, две Светски клупски шампион, две Европски Суперкуп, една лига титула и една во шпанскиот куп“, стои во соопштението на Реал Мадрид.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе