Нова реакција на „Кралевите“

Официјално соопштение на Реал Мадрид за Нејмар

Шампионот на Европа вечерва објави официјално соопштение за Нејмар, исто како и првото од почетокот на овој месец, Реал Мадрид негира дека се обидува да го купи Бразилецот

„Кралевите“ испратија нов демант, вечерва со соопштение ги негираа сториите на медиумите кои велеа дка Реал Мадрид испратил човек во Бразил да преговара за трансфер на Нејмар со таткото на напаѓачот.

„Со оглед на тоа дека константно има информации кои го поврзуваат нашиот клуб со Нејмар од ПСЖ, Реал Мадрид сака да појасни дека не планира да достави понуда за играчот. Односите помеѓу двата клуба се одлични, па доколку во одреден момент решиме дека сакаме да ангажираме играч на ПСЖ, првата работа која ќе ја сториме е да го информираме клубот за нашата намера“ – се вели во известувањето.

Ова е трето соопштение на Реал Мадрид, второ за Нејмар. „Кралевите“ на почетокот од овој месец ја негираа веста на ТВЕ дека понудиле 310 милиони евра за Нејмар, а подоцна изглегоа со демант и по најавите за трансфер на Килијан Мбапе вреден 272 милиони евра.

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе

Придобивките од дрвјата за урбаниот екосистем и квалитет на воздухот можат да се зголемат со систематско планирање на зелениот простор. Дизајнирањето на зелените простори во градовите треба да ја опфати и функцијата за чистење на воздухот.

повеќе

На Грците не им е важно дали вечно ќе ја нарекуваат соседната земја „Скопје“, или дали соседите утре сами ќе почнат да се нарекуваат „Република на Осамениот Бор“. Она што ним навистина им е важно е како ја нарекува остатокот од светот.

повеќе