Римјаните ја завршија потрагата по нов стратег

Официјално: Пауло Фонсека е нов тренер на Рома

Рома ја заврши потрагата по нов тренер, изборот падна на Пауло Фонсека кој во Рим пристигнува од Шахтар.

46-годишниот стратег Пауло Фонсека е нов тренер на Рома тој потпиша двегодишен договор со римскиот клуб со можност за продолжување на уште една.
 
„Среќни сме што можеме да му кажеме добредојде на Пауло Фонсека во клубот“, вели претседателот на Рома, Џим Палота.
 
„Пауло е млад и амбициозен тренер со интернационално искуство, победнички менталитет и репутација на напаѓачки фудбал кој ќе ги возбуди нашите фанови“.
 
„Од првиот разговор кој го имавме со него, тој стави јасно дознаење дека сака да дојде во Рома и беше возбуден за предизвикот да работи со нашите играчи и да го однесе нашиот тим онаму каде што ќе бидат горди нашите фанови“.
 
Пауло Фонсека од 2016 година беше тренер на Шахтар со кој три пати по ред ја освојуваше лигата и купот во Украина. Претходно беше тренер на Пакош Фереира, Порто и Брага.
 
Тој преферира напаѓачки фудбал со висок пресинг.

Сегашниот изборен модел е причината и генераторот  на сите проблеми на општественото и политичпко уредување на Македонија.

повеќе

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе