Марсело Брозовиќ му остана верен на Интер, интерес за Хрватот пројавија Ливерпул, Тотнем, Барселона и Реал Мадрид, но тој реши да ја продолжи авантурата во Милано.
По долги преговори, попладнево пристигна официјална потврда, Марсело Брозовиќ стави потпис на нов договор и се обврза на соработка до јуни 2026 година.
Како што пренесуваат медиумите од Италија, тој во иднина ќе има двојно поголема плата и ќе заработува 6,5 милиони евра по сезона плус бонуси.