Трансфер вреден околу 10 милиони фунти

Официјално: Фабрегас започнува нова авантура, потпиша со Монако до 2022

Сеск Фабрегас го заврши престојот во Челси и започнува нова авантура во Монако, Шпанецот се обврза кон клубот од малото кнежевство до 2022 година.

Фудбалерот од средниот ред изминатиот викенд имаше емотивно простување од Стемфорд Бриџ во ФА купот и потоа замина за Монако да го комплетира трансферот на „Луј Втори“ стадионот.

Челси сепак малку го забави трансферот со цел да пронајде замена за Сеск Фабрегас, но вечерва пристигна официјална потврда.

Монако соопшти дека Шпанецот ставил потпис на три ипол годишен договор и се обврзал до јуни 2022. Детали од зделката не беа откриени, но се шпекулира дека клубот од малото кнежевство платил 10 милиони фунти.

„Големо задоволство ми е што потпишав за Монако, ова е нов проект за мене. Се работи за квалитетна група, со млади играчи и млад тренер. Тука сум за да помогнам. Со нетрпение чекам да ја започнам оваа авантура. Во недела не чека голем меч против Марсеј, и навистина сум возбуден“ – вели Сеск Фабрегас.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе